Средба со ФИТР

Азески: Дигитализација за поголема продуктивност и извозна конкурентност

Претседателот на Стопанската комора на Македонија и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој најавија заеднички проектни активности за поддршка на реалниот сектор.

На работниот состанок во просториите на комората, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески пред раководниот тим на Фондот за иновации и технолошки развој, предводен од директорот Коста Петров, ги презентираше актуелните проекти и стратешките активности на комората, ставајќи акцент врз поддршката на компаниите во нивните извозни активности, за кои особено значење имаше примената на нови технолошки решенија, иновации, што е и во рамките на полето на дејствување на фондот. Во таа насока, за очекување е дека најмоќната бизнис-асоцијација, ставајќи се во функција на своите членки, во соработка со ФИТР, ќе треба да воспостави координирано институционално дејствување, за да се постигне и поголем економски раст на национално ниво. Улогата на Фондот, вели Азески, е да ги поддржи и да ги поттикне компаниите во изнаоѓањето форми на инвестиции, преку финансиска поддршка за производствените, извозните и за иновативните решенија, во насока на нивна поголема конкурентност на странските пазари.

На работната средба претседателот на Стопанската комора стави акцент и врз клучните приоритети во борбата против сивата економија и против корупцијата, преку итна потреба од дигитализација на државната администрација, но и преку финансиска поддршка за дигитализација на компаниите, со примена на системите САП како современи, докажани и проверени дигитални решенија, кои овозможуваат поголема ефикасност, ефективност и поголема продуктивност.

 В.д. директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, ги  образложи приоритетите на фондот за следните 2 до 3 години, преку помош и преку поттикнување на развојот на реалниот сектор, вклучувајќи ги и старт ап компаниите кои нудат иновативни и технолошки развојни производи и на кои им недостига поддршка, како финансиска така и системска, но и нивно поврзување со средни и со големи успешни компании, кои би ги развиле нивните иновативни и развојни производи до крајна употребна вредност. Како проект од ФИТР, се најави идејното предлог-решение за Технолошкиот парк, за кој се побара заедничо дејствување во процесот на развој и на примена на ова решение.

Претседателот Азески искажа благодарност што ФИТР ја препознава комората, која следната година одбележува еден век постоење, како партнер за своите развојни проекти и предложи преку заеднички континуирани работни средби на тимови од двете институции да се продолжи со изнаоѓање решенија, како и со градење различни механизми, алатки и можности, кои ќе значат поддршка за бизнисот, која ќе овозможи економско заздравување, но и забрзан раст на економијата во следните години.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе