Секое кочење на законите, напомена Азески, значи сериозен удар за стопанството и компаниите. Опозицијата и другите партии, порача, да имаат предвид дека за бисниот е важен секој денар и секој ден, особено во ваква ситуација, како што е актуелната со КОВИД-от.
„За денеска е најавена седница на Собранието по подолго време на која треба да поминат некои закони. Сакам да упатам апел до сите парламентарни партии, да имаат предвид во каква ситуација се наоѓаме и да направат максимални напори економските закони да ги пропуштат. Иако има добра волја од страна на Владата, со кочењето се создаваат лоши импути врз економската позиција на компаниите. Опозицијата и другите партии да го имаат тоа предвид зашто секоја пара и секој ден нѝ се значјни во оваа ситуација во која се наоѓаме", истакна Азески.