Автопатот Миладиновци-Штип е готов, се чека технички прием

Автопатот Миладиновци-Штип е завршен и се очекува да биде пуштен до крајот на месецов по техничкиот прием за што се подготвува документацијата, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

„Автопатот Миладиновци-Штип е завршен. Се подготвува техничката документација за техничкиот прием. Тоа е во делот на надзорот каде што ние не сме моќни. Поради снежните врнежи можеби деновиве некои контроли што треба да ги прават малку ќе бидат оневозможени, но очекувам до крајот на месецов автопатот да биде пуштен“, рече Китанов, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

Изградбата на автопатот во должина од 47 километри почна во мај 2014 година. Дел од автопатот, на потегот од Штип до клучката Кадрифаково, веќе се користи со привремен режим на сообраќање на возилата.

Инвестицијата во изградбата на овој автопат изнесува 206 милиони евра, обезбедени од кредит од кинеската Ексим банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Со изведувачот на работите, кинеската компанија „Синохидро“, беа склучени два анакса на Договорот за изградба, со кои во два наврата се продолжуваше рокот за пуштање во употреба.

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе