Автобуските превозници задоволни од одлуката за 75 отсто исполнетост на возилата

Компаниите за автобуски превоз АМЕРИТ и Транспорт ЛЕГИС ја поздравија одлуката на Владата да го прифати нивното барање за  измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 отсто, отсега се дозволува исполнетост најмногу до 75 проценти од вкупниот капацитет на возилата.

„Автобускиот превоз е од витално значење за општеството, бидејќи ја гарантира мобилноста на луѓето, пристапот до училиште, до работа и основни услуги за секого, а се основен начин на транспорт за најранливите категории на население, кои честопати се потпираат на колективен превоз за своите потреби за мобилност. Затоа, ја поздравуваме одлуката на Владата донесена вчера за прифаќање на измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50%, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75% од вкупниот капацитет на возилата”, велат од АМЕРИТ.

Од компанијата посочуваат дека ако патниците се фиксна група на луѓе, каков што е случајот со превоз на ученици и работници, се намалува потенцијалниот ризик од инфекција или натамошно ширење на вирусот, бидејќи, како што наведуваат, автобуските оператори имаат листа на патници, што значи дека во случај на болест, лесно може да се следи кој патувал во групата. Затоа сметаат, дека и училишниот превоз треба да се стави во функција, почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето на учениците.

„Во Македонија и во цела Европа, активноста на патничкиот транспорт дојде до огромен застој по воведувањето на строги мерки за ограничување на ковид-19. Компаниите пријавуваат намалување на активност од најмалку 90 проценти за меѓуградски, 100 отсто за туризам и 80 проценти за патнички превоз на барање, што значи, во економски аспект, приходите ќе бидат еднакви на нула, а загубите огромни. Апелираме Владата да го поддржи нашиот став и да донесе одлука за организирање на автобускиот превоз на ученици, а автобуските оператори да вршат редовно длабоко чистење и дезинфекција на транспортни возила и местата што ги допираат патниците (како што се уреди за билети, столбови, седишта и сл.), со специјални антибактериски средства за чистење бидејќи тоа во суштина ќе помогне да се намалат ризиците од инфекција. Возачите задолжително да носат заштитни маски и ракавици за еднократна употреба за време на патувањето”, се наведува во соопштението од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.

И од Транспорт ЛЕГИС се приклучуваат кон ова барање, при што ги известуваат сите надлежни инстититуции, родителите и учениците дека се спремни да го обезбедат превозот на ученици за учебната година со почитување на сите заштитни мерки и протоколи.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе