Автентични италијански вкусови во центарот на Скопје

Во срцето на градот, на улицата Максим Горки, започнува една уникатна кулинарска приказна. Сите вкусови на Италија на едно место - Боттега дел густо или во превод Продавница на вкусови е новото место каде што може да се најдат автентични италијански производи: пршута, салами, моцарела ди буфала, буратта и многу други. Основачите на Боттега дел густо објаснуваат дека нивната цел е да се понуди нешто различно и автентично од сите региони на Италија кои изобилуваат со разновидни производи, секој уникатен на свој начин.

На отварањето присуствуваше и амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри кој изрази задоволство што ќе се овозможи вистинските италијански производи да бидат достапни за сите граѓани во Македонија. Воедно се придонесува кон ширење на италијанската храна и култура, а со тоа и зацврстување на пријателството помеѓу Македонија и Италија.

Безбројните комбинации на сувомеснати производи со сирења гарантираат вистинско уживање со секој залак, а од Боттега дел густо порачуваат дека асортиманот ќе се проширува постојано со врвни производи.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе