Анализа

АВМУ: Пад на приходите на комерцијалните телевизии и радија

Финансиските резултати од работењето на јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии и радија за минатата година покажуваат дека македонските медиуми лани оствариле загуба од 96,91 милиони денари, се наведува во Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

Во Анализата, изработена од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), се посочува дека на крајот на 2018-та, Македонската радио-телевизија (МРТ) првпат по пет години прикажала загуба во работењето. Така, приходите на МРТ лани се намалиле за 8,44 отсто, на комерцијалните телевизии за 4,52 проценти, а на комерцијалните радиостаници за 3,60 отсто.

Приходите од реклами што заедно ги оствариле сите радиодифузери изнесувале 1.346,06 милиони денари и во споредба со 2017 година, бележат пад за 2,71 проценти. Од нив, 34,33 милиони денари биле приходите на МРТ, 1.203,95 милиони денари на комерцијалните телевизии и 107,78 милиони денари на комерцијалните радиостаници.

Трошоците кои заедно ги направиле сите радиодифузери во 2018 година изнесувале 2.537,52 милиони денари, од кои 971,03 милиони денари биле трошоците на МРТ, 1.419,56 милиони денари на комерцијалните телевизии и 146,93 милиони денари на комерцијалните радиостаници.

Анализата опфаќа податоците за економското работење на Јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии и радија, како и од мерењата на гледаноста и слушаноста на телевизиските и радиостаниците. Нејзина цел е да обезбедат сеопфатни сознанија за состојбите во телевизиската и во радиската индустрија за претходната година.

Според податоците, единствено телевизија Алфа има раст на приходите за 35,45 отсто споредено со 2017 година. Останатите четири телевизии со национална концесија имаат пад на приходите: Алсат-М за 1,07 %, Сител за 4,29 %, Телма за 4,35 % и Канал 5 за 8,51 %.

ТВ Алфа во 2018 година остварила и најголема добивка од 29,86 милиони денари. Другите телевизии се далеку под оваа сума: Алсат-М 5,36 милиони денари, Канал 5 0,28 милиони денари, Сител 18,68 милиони денари, а Телма работела со загуба и остварила негативен финансиски резултат од 21,48 милиони денари.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе