Предложени измени во Законот за игри на среќа

АСОМ: Измените во Законот за игри на среќа ќе значат бришење на 7.700 вработени

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), претставувана од претседателот Васко Илиески и претставници на петте членки сметаат дека измените во  Законот за игри на среќа и забавните игри ќе значат затворање на сите обложувалници на територијата на цела држава.

Според измените се бара дислоцирање на просториите во кои се приредуваат игрите на среќа на растојание од најмалку 500 метри воздушна линија од училиштата, факултетите, универзитетите, институтите, библиотеките, детските градинки, домовите за згрижување деца без родители...

„Иако де јуре законот не предвидува затворање, де факто ќе се случи буквално бришење на цела една стопанска гранка и преку ноќ 7.700 луѓе ќе останат без работа“, изјави Илиески во обраќањето и додаде дека ова предлог решение ќе го поттикне нелегалното кладење, а индустријата од регулирана ќе премине во нерегулирана и ќе го отвори патот на „црниот пазар“.

Илиески нагласи дека прашањето за забрана за учество на малолетни лица во игрите на среќа и забрана за влез во просториите во кои се приредуваат игри на среќа е целосно регулирано. Во член 20 став 1 од Законот е пропишано дека „лица помлади од 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа,  а казните за непочитување на овој член се високи.

„Обложувалниците целосно го почитуваат овој закон и најстрого внимаваме да нема никакви прекршувања. Ние немаме никаков интерес во нашите објекти да влегуваат лица помали до 18 години и доследно го спроведуваме законот. Како асоцијација сме подготвени да прифатиме и построга контрола, построга регулација и казни за прекршување на овој закон“, вели Илиески.

Зоран Пухач, генералниот секретар на Европската организација на игрите на среќа (EOGL) со седиште во Брисел ги претставува европските играчи и обложувалници, лиценцирани и регулирани со правото на ЕУ, чија примарна цел е промовирање на безбедна и сигурна средина во игрита на среќа, заштита на малолетниците, обука на вработените за препознавање на зависност од игрите на среќа и др.

„За 11 години интензивно следење на проблемот со одговорното обложување во Европа и во светот, не најдов ниту едно релевантно истражување кое на кој било начин би ја поврзала оддалеченоста на објектите за игри на среќа со каков било вид на патолошко однесување. Законите на развиените земји немаат таков вид ограничувања, бидејќи веќе одамна утврдиле дека растојанието не е поврзано со учеството на малолетни лица во игрите на среќа. Сите современи решенија одат кон целосна забрана за пристап и учество за малолетници со санкционирање на прекршителите“, вели Пухач.

Земјите кои воведоа забрана на игрите на среќа, придонесоа кон создавање црн пазар. Гледано од тој аспект, ниту една европска земја не ја разгледува можноста за забрани, туку квалитетно регулирање на игрите на среќа, смета Пухач.

Пухач дополнително образложи дека ако се создаде „црн пазар“ државата ќе ги загуби милионите кои се влеваат во нејзиниот буџет по основ на сите давачки од индустријата на игрите на среќа. Тоа ќе значи дека, и организациите како Агенцијата за спорт и млади во случајот на РСМ, и други социјални организации кои се финансираат од државниот буџет ќе останат без значителен дел од приходот, а она што е најалармантно е дека голем број граѓани- вработени во областа ќе останат без работа.

Индустријата на игри на среќа придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот на државата. Лани, државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа оствариле 253 милиони евра. Од тоа, 135 милиони евра од директни приходи и 118 милиони евра, благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор.

За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа издвоиле околу 32 милиони евра, а државата на име на даноци инкасирала 11 милиони евра. Овие податоци споредени со 2017 година покажуваат дека придонесот на индустријата на игри на среќа во јавниот буџет во 2018 година е зголемен за неверојатни 41%, информираат од АСОМ. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе