АСО со нов информациски систем за контрола на осигурителниот пазар

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) набави нов информациски систем кој ќе се овозможи целосна дигитализација во прибирање, систематизирање и обработка на податоците за потребите на процесите на супервизија во осигурувањето.

Договорот за набавка, инсталација и имплементација на новиот информациски систем за супервизија на осигурувањето (ИСА СИС 2.0) денеска го потпишаа Крсте Шајноски, претседател на АСО и Драган Оремуш, извршен директор на хрватската компанија Compliant Risk Technology

Од АСО информираат дека новиот информациски систем, согласно со договорот, ќе биде ставен во функција од 1 јануари 2022 година.

Со новото софтверско решение, како што појаснуават,  во целост ќе се дигитализира водењето на сите регистри и ќе се направи поефикасна супервизијата на АСО врз работењето на сите 66 учесници на осигурителниот пазар: осигурителни компании, осигурителни брокерски друшта и друштва за застапување во осигурување.

Новиот информациски систем ќе го замени потоечкиот кој е во функција 10 години. Неговата промена е неминовна заради тоа што не поддржува во целост работа по директивата за Солвентност II на ЕУ и покажува ограничени функционалности. Воедно технолошката застареност и ограничените фунционалности имплицираа потреба од набавка на нов информациски систем.

– Софтверското решение ќе овозможи значајно подобрување во продуктивноста и ефективноста на процесите на супервизијата на осигурување, а воедно и исполнување на сите стандарди од  директивата Солвентност II. Главната функција на новиот систем е регулаторно, бонитетно известување за ризик при обработка на податоци и функција за анализа на податоци. Системот ја олеснува теренската и вонтеренската супервизијата, а исто така обезбедува неопходен внес за приоритети, а воедно и распределба и планирање на супервизорските активности. Тоа  овозможува оптимална употреба на супервизорските ресурси при нови бонитетни барања. Агенцијата како примач на податоци од технички аспект ќе користи управување со шаблон за извештај, мониторинг на поднесување, портал Frontend, Backend, регистри и компоненти на политика за управување со податоци во супервизорскиот процес за подобрување на ефикасноста при работењето, се наведува во информацијата од АСО.

Станува збор за набавка на модерен SupTech (Supervisory Technology) информациски систем за супервизија на осигурувањето кој веќе успешно го користат регулаторните тела за супервизија на осигурување во Хрватска , Словенија и Црна Гора. Новиот информациски систем АСО го набави од сопствени средства по спроведена постапка за јавна набавка, а неговата вредност е 36,5 милиони денари.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението. 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе