Сојуз на стопански комори

Арсовска: Губиме големи странски инвестиции, неопходни се итни структурни реформи

Во наредните две години сериозни инвеститори ќе вложуваат во регионот на Западен Балкан, но за да не ја избегнуваат Македонија потребно е итно спроведување на структурните реформи, истакна претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по средбите со лидерите на водечките стопански комори на светските економии, САД, Русија, Велика Британија, кои ги оствари во Париз на годишниот состанок на World Chambers Federation WCF.

Таа е првиот избран претставник од Македонија, во раководството на World Chambers Federation WCF, единствениот глобален форум кој застапува над 12.000 стопански комори. На состанокот на раководството на коморите Арсовска, оствари повеќе значајни билатерални состаноци на кои беа дискутирани позициите за влез на нови инвестиции во нашата земјата. 

„Сериозни инвеститори планираат да го насочат својот капитал и да ги реализираат предвидените проекти за следните две години во земјите од Западен Балкан. Со оглед на нашата позиција како земја, единствена во регионот со член во раководството на WCF, Македонија има можност за позиционирање како дестинација за реализација на крупни инвестициски проекти. Генералната слика и покрај тоа што стратешки сме добро геопозиционирани, е дека моменталната политичко и социо-економска состојба во земјата е нестабилна, а поткопаната доверба во правниот систем и владеењето на правото, се одразуваат преку непредвидлив деловен амбиент и системска нефункционалност, кои се главните причини кои ги одвраќаат инвеститорите. Без посветување на спроведување на структурните реформи, било какви стимулативни мерки кои ќе се понудат, не се доволно за инвеститорите да донесат одлука. Пропуштање на одлуки за големи странски инвестиции се пропуштена можност за остварување побрз економски развој“, истакна Арсовска.

Таа додаде дека на решавање на овие проблеми кои ги одвраќаат странските инвеститори треба сериозно и посветено да се работи, бидејќи дел од светски реномираните компании веќе ја разгледуваат и можноста за почнување проекти во Србија, наместо во Македонија. 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе