АППТ: Летовите за Москва и Санкт Петербург чекор повеќе за унапредување на соработката со Русија

По најавата за два нови директни летови на руската авионска компанија „Нордвинд“ со кои се поврзаа Москва и Санкт Петербург со Скопје, се отвори можност за развој на туризмот и пораст на руските туристи во нашата земја, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија.

И покрај обидите за промоција на домашните туристички потенцијали, во изминатата декада овој пазар бележеше стагнација поради недостатокот на директен лет, но со директното поврзување оваа година, бројот на туристи во првите седум месеци во 2021 година порасна за 299% во споредба со истиот период во 2020 година, додека бројот на ноќевања за истиот период е повисок за 262%.

Согласно оваа динамика, АППТ денеска потпиша Меморандум за соработка со Македонска-руската стопанска комора со која во иднина ќе ја интензивира соработката на полето на размена на информации за туризмот, трговијата, туристичката индустрија, услугите и научно-образвоните знаења. Унапредувањето на билатералната соработка значи напор за унапредување на односите и соработката на научно-деловните заедници со Руската Федерација преку различни деловни средби, бизнис форуми и семинари. Соработката помеѓу двете земји ќе се евалуира еднаш годишно, врз основа на што ќе се проектираат активностите за наредната година.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот веќе следниот месец ќе почне со промотивни активности на овој пазар, а дополнително, со асистенција на Македонско-руската стопанска комора ќе организира презентации пред руски тур-оператори во Москва и Санкт Петербург.

Просечниот престој на руските туристи во земјава изнесува 2,3 дена во текот на првите седум месеци за 2021 година, додека посетите на веб-страницата Macedonia-timeless се покачени за три пати откако е најавена директната линија Москва – Скопје. Интересот на руските туристи генерално е насочен кон гастрономијата и и верскиот туризам, но не е за игнорирање и интересот што овој пазар го има за специјализирани кратки одмори, до 4 дена, во Скопје и Охрид, соопшти АППТ.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе