Апликацијата МојДДВ достапна и на Ајфон

Апликацијата МојДДВ веќе е достапна на Епл стор за корисниците на iOS оперативниот систем, информира Управата за јавни приходи.  

Ова се случува 11 дена по стартот на овој проект со кој на граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе им се врати дел од платениот ДДВ. Корисниците на Ајфон реагираа поради тоа што за нив немаше апликација, а објаснувањето за доцнењето беше заради рестриктивните и строги правила на Епл.

Според УЈП, до 5 јули апликацијата МојДДВ ја симнале 58 илјади корисници. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе