АПИС: Некој сака да се затвори законски бизнис што ќе предизвика игрите на среќа да се играат на црно

Дали во партијата Алијанса на Албанците некој знае дека во Македонија всушност нема хотел со пет ѕвезди, а за да се адаптира некој постоечки или да се изгради нов таков хотел треба огромна инвестиција, се вели во реакцијата на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) по најавата на Алијанса за Албанците за поднесување предлог измени на Законот за игри на среќа и забавни игри. АА најави дека тие предлагаат игрите на среќа исклучиво да се одвиваат во луксузни хотели со пет ѕвезди.

„Дали се свесни дека нивниот предлог, како и предлогот за дистанцирање на објектите за игри на среќа на 500 метри од образовни институции, се предлози за целосно затворање на конкретната индустрија?
Во услови на растечка економска криза како последица на застрашувачките глобални предизвици, сметаме дека е неодговорно да се затвори еден цел економски сектор и најмалку 10 илјади луѓе да останат без работа. Државата ќе изгуби околу 280 милиони евра буџетски приходи годишно. Се затвора 100% законски бизнис што автоматски ќе предизвика игри на среќа да се играат на црно, во подруми, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци“. 
АПИС ги упатува следните пораки до сите пратеници:
Прво, не потпаѓајте на црната кампања која ја води неформалната организација „Антикоцкање“ од Тетово. Тие никогаш нема да преземат одговорност за штетните последици кои ќе следат доколку законските измени стапат на сила. Уште повеќе затоа што освен притисок врз политичките партии се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.
Второ, погрешен е впечатокот дека ние генерално сме против измени на Законот за игри на среќа и забавни игри, туку сме против нелогични, погрешни, популистички и политички мотивирани измени. 
Трето, ние сме претставници на реномирани странски компании од ЕУ, кои индиректно помагаат меѓу 54 до 100 илјади работни места во земјата и ред е да бидеме третирани од државата во која инвестираме со години на ист начин како и другите странски инвеститори.
Конечно, постоечката регулатива во Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи актуелниот Закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Не постои записник на инспекциските служби каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите кои се во наша надлежност, што е исклучителна потврда дека ние сме врвни професионалци, општествено одговорни компании кои го штитат јавниот интерес 100% и неселективно ги спроведуваме законските норми. 
Клучното прашање е ако во цела ЕУ и западна цивилизација има организирани, легални игри на среќа, зошто Македонија, која тежнее да стане членка на европското семејство, би била исклучок, соопшти АПИС.
 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе