Анѓушев: Завршени 70 отсто од градежните работи на пругата Куманово-Бељаковце кон Бугарија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, денеска извршија увид во околината на Шупљи Камен каде се изведуваат градежни активности од првата фаза од железницата од Македонија кон Бугарија, на железничката линија Куманово – Бељаковце. Анѓушев кажа дека за година и половина, изградбата на оваа траса е интензивна. 

 

„Во моментот кога оваа Влада ја презема одговорноста беа изградени само 23 проценти од трасата, наназад петнаесетина години, колку што трасата се споменува. Сега веќе за овие година и половина, напредокот е до 42 проценти или некаде околу 70 проценти од градежните активности. Оптимисти сме, мислам дека сериозно ги задвиживме напред работите во градењето на оваа траса, тоа може да се види”, изјави Анѓушев.

Инаку, ова е прва од трите делници на пругата кон Бугарија, која ја гради германската компанија ВИБЕ и која чини околу 40 милиони евра, кредит од ЕБРД. Втората траса, како што информираше Анѓушев, е под евалуација, а тендерот за технички квалификации е завршен.

„Има задоволителен број на квалитетни компании кои што се пријавија, евалуацијата е во тек, очекуваме наскоро да заврши и во скоро време и до крајот на годината ќе влеземе во имплементација и на втората фаза која што чини 140 милиони евра од кои 68 милиони евра се грант од Вест Балкан Инвестмент Фанд, односно во рамките на Берлинскиот процес и остатокот е кредит, повторно од ЕБРД”, изјави Анѓушев.

Третата делница е проектирана и се очекува во најскоро време да се обезбедат финансиски средства и за таа делница.

„Таму имаме 60, 8 милиони евра грант од ИПА од ЕУ, благодарни сме што и ЕУ и Вест Инвестимент Балкан Фондот ја препознаа оваа пруга како важна за коридорот осум, за целокупниот економски развој во Македонија и инфраструктурното поврзување со Бугарија. Целата делница ќе чини над 580 милиони евра од Куманово до границата со Бугарија”, рече тој.

Најскап ќе чини последниот дел од Крива Паланка до границата, бидејќи ќе биде со вијадукти и тунели и ќе чини 405 милиони евра од кои 60,8 милиони евра се грант од ИПА.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески изјави дека изградбата на железничката пруга на Коридорот 8 е врвен приоритет на Владата. Според него и  склучувањето на Меморандумот со Бугарија околу железничкото поврзување го покажува интересот на Владата за зголемување на економскиот развој на државата, но и  овозможување за компаниите да освојат нови пазари.

Директорот Асани изрази благодарност до Владата за поддршката за оваа делница, истакнувајќи дека најпроблемтичните делови се завршени.

„Мислам дека до 31 декември, ние ќе можеме да кажеме дека пругата е завршена. Во Шупли Камен сме и тоа значи дека некаде средина на тие 30 километри Куманово-Бељаковце, осум километри имаме нова пруга која е подготвена и дел се употребува за возови кои одат до фабриката „11 Октомври“ , рече Асани.

Тој очекува да се реши и подвозникот кај село Лопате и Владата ќе најде решение од кое придобивки ќе имаат жителите од тој реон но и на коридорите.

МИА

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе