Бројна владина делегација во посета на „Брако“

Анѓушев: Произведовме најеколошки машини за чистење на улици, први во Европа

Во велешката компанија „Брако" беше организирана промоцијата на инвестициите во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини како и на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини, кое веќе се извезува. Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на бордот на директори на „Брако" рече дека иднината на македонската индустрија се производите со поголема додадена вредност, а за „Грин машин" рече дека е прво возило во Европа кое при работа испушта само водена пареа и е најеколошка машина од тој тип.

Ова возило за одржување на јавна хигиена веќе е си ја работи работата на улиците во Амстердам и во Утрех, а во компанијата се ангажирани голем број на инженери, меѓу нив повеќето се млади, на возраст под 30 години

Анѓушев за текот на инвестициите и иновативните производи ги информираше премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски, како и министрите Крешник Бектеши, Горан Милевски и Насер Нуредини, кои беа дојдени во посета на погоните на „Брако".

„За да се произведуваат такви извозно ориентирани продукти што можат да се продаваат во целиот свет, потребно е компаниите да го поседуваат највисокото ниво на технологија и да имаат агресивен маркетинг. Токму ова веќе 20 години го применуваме во „Брако", а овие возила се резултат на овој принцип на работа. Навистина сум горд што денес можеме да ги промовираме овие возила, пред сѐ, возилото на водороден хидрогенски погон кое што е комплетно развиено како најнова технологија што е иднина во светот. Исто така, горди сме што во „Брако" во Велес се произведе машина за чистење и метење улици, со големина и капацитет според што се број еден во светот", рече Анѓушев.

Македонските „зелени машини" за чистење на јавни и отворени површини, како што рече,м се извезуваат во Лондон, во Холандија, Австрија, Германија, Вашингтон и на други места во светот.

„Овие времиња на економски предизвици за голем број компании значат и поголема иновативност и прилагодување на новите трендови. Инвестициите во човечки и машински ресурси несомнено придонесуваат за зголемување на продуктивноста и квалитетот, што на крај резултира со подобра конкурентност и подобар пласман на производите", изјави премиерот Заев .

Тој истакна дека е горд што повеќе од 60 инженери, кои што се дел од „Брако" и „Грин машинс", стојат зад напредното технолошко, целосно еколошко возило, со кое што компанијата, а со тоа и државата е конкурентна на светскиот пазар.

„Современата трансформација на компанијата, резултира со создавање на производи што се продаваат на глобалниот пазар, како 'Грин машинс". Особено е значајно тоа што целиот нивен развој се одвива токму тука, во Велес, што значи тие се производ на Северна Македонија, од првичната идеја до конечната реализација. Ова што го создава 'Грин машинс' докажува дека фосилните горива и нивната примена во секојдневниот живот полека стануваат дел од историјата. За вакви извонредни иновации слушаме од сите страни на светот, а мене ми е особено мило што такво едно еколошко решение е создадено токму овде", изјави Заев и нагласи Владата ги поддржува компаниите за да ја зајакнат својата структура, да го зголемуваат извозот, да бидат иновативни и да произведуваат производи со поголема додадена вредност.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе