Анѓушев напомена дека Југохром веќе ги поставува филтрите и целиот процес треба да заврши до октомври-ноември годинава. Компанијата, согласно финансикиот план, мора да обезбеди уште еден милион евра, а ако тоа го стори Владата ќе и помогне со кредит од дополнителни 1,5 милиони евра од Македонската банка за поддршка на развојот, со што ќе може да се заокружи процесот во целост.
„Договорено е „Југохором“ да ги постави филтрите. Сопственикот на компанијата се соочуваше со одредени финансиски тешкотии околу имплементација на проектот. Ја разгледавме ситуацијата и констатиравме дека постои физибилност комбинатот да работи, поготово со сегашната конјуктура на цените на металите на светските берзи. Може да работи профитабилно и да остварува профит“, истакна Анѓушев.
Според него, Југохром доцнеше со проектот, но тоа е приватна фабрика и Владата не може да се меша во нејзината работа, но го охрабри инвеститорот, односно ќе му помогне.
„Ако Југохром ги задоволи еколошките стандарди што е во интерес на државата, а пред се во интерес на вработените и жителите на тој регион, ќе биде ставен во функција“, потенцира вицепремиерот