Анѓушев: Имаме право, Владата нема да плаќа обештетување за Иловица

Не би можеле да зборуваме за никаква отштета бидејќи ако Владата го раскинала договорот цени дека имала право на тоа, така што не планира да плаќа обештететување ако имала право. Тоа е проценката, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање за можноста државата да плаќа отштета на Еуромакс ресурси откако со одлука на Владата беше еднострано раскинат договорот со оваа компанија за рудникот Иловица.

Прашан каква порака се испраќа до инвеститорите со овој случај, Анѓушев нагласи дека сите обврски што ги презела државата во договорите со инвеститорите ги исполнила. Не постои договор во којшто државата се обврзала дека ќе исполни обврска и договор којшто е неисполнет, наведе Анѓушев.

Канцелариите за привлекување странски инвестиции што ги најави Владата, како што информира, ќе бидат отворени откако Собранието ќе го изгласа законот за технолошко индустриски развојни зони. Додаде дека за тоа се обезбедени буџетски средства.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе