Ангеловска: Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 е 16,2 отсто

Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 изнесува 16,2 отсто и е историски најниска, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска. Просечната стапка на невработеност во 2019 изнесувала 17.3 отсто, додека во последниот квартал од 2019 изнесувала 16.6 проценти, наведе министерката.

Таа нагласува дека годината почнала со раст на вработеноста, пад на невработеноста, раст на платите....

„Сепак се наоѓаме во нова реалност – Ковид-19 пандемијата ќе влијае на сите макроекономски показатели, но со мерките кои се преземаат и ќе се преземаат ќе се потрудиме да кривата на невработеност биде што порамна, да задржиме што повеќе работни места, што повеќе работници да останат на работните места, а оние чие работно место ќе се затвори да ги поддржиме и заштитиме“, напиша Ангеловска

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе