Министерство за финансии

Ангеловска: Нема да има корекции во курсот на денарот

Сите мораат да имаат ист третман, а најважно во плаќањето на јавни давачки, вели министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за неделникот „Фокус". Таа најавува дека како министерка за финансии ќе презема низа мерки за сузбивање на сивата економија.

„Единствено кога губи сивата економија, добиваат сите. Покрај надоградување на проектот Мој ДДВ, ќе има и други мерки. Тука повторно ќе ја посочам технологијата како клучно средство за постигнување на таа праведност и ефикасност. Следете што работам, ќе има промени, зашто секогаш сѐ може подобро. Во Министерството се прават анализи кои ќе покажат какви се ефектите на одделни мерки. Оние за кои проверките ќе покажат дека можеби не ги даваат очекуваните резултати и не ги остваруваат зацртаните цели, ќе се менуваат“, укажува Ангеловска во интервјуто, информираат од Министерството за финансии.

Таа посочува дека економијата е во добра кондиција. Растот на БДП во првото полугодие изнесуваше 3,6 проценти и е на широка основа, со раст во градежништвото, индустријата и земјоделството, како и раст на приватната потрошувачка и раст на бруто-инвестициите.

„Како резултат на добрите показатели, ММФ, Европската комисија, рејтинг агенцијата Фич, веќе го зголемија проценетиот раст на БДП за Република Северна Македонија, за годинава. Врз основа на сѐ ова, реални се очекувањата дека во 2019 година ќе биде остварен проектираниот економски раст од 3,5 проценти“, вели Ангеловска.

На прашањето дали Владата и Народната банка ќе се одлучат за корекции на фиксниот курс на денарот, како непогоден за извозните компании, Ангеловска одговара дека каква било промена на стабилниот курс на денарот во однос на еврото би значела загуби за економијата во целина.

„Одвреме-навреме се јавуваат извозници и експерти кои одново го отвораат прашањето за курсот на денарот, барајќи промени поврзани со основното монетарно сидро. Тоа можеби би довело до краткорочно стимулирање на извозот, но ќе предизвика ценовни притисоци, неизвесен амбиент, а со тоа и нарушување на вкупната макроекономска стабилност“, нагласува министерката за финансии.

Ангеловска вели дека за промените кои ги најавува важни се човечките ресурси и верува дека во Министерството за финансии има вработени кои може да влијаат на уривање на стреотипот за администрацијата, такви кои преземаат лична одговорност за да постигнат резултат и не престанале да учат и лично да се надоградуваат. Таа посочува дека веќе се работи на сет закони за натамошна либерализацијата на пазарот на платежни услуги, за зголемување на заштитата на депонентите преку натамошно јакнење на супервизијата над банките и за стимулација на пазарот на капитал, информираат од Министерството за финасии. 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе