Ангеловска: МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на ковид-19 состојбата, поголем број помали награди

МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на ковид-19 состојбата. Ќе има поголем број на дневни награди од 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија, како и променети износи на награди за месечните и главното извлекување, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Ангеловска информира дека од јули до декември ќе има поголем број помали дневни награди, односно наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари, секој ден ќе се доделуваат по 30 награди од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена, односно ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари.

На 4 јули ќе се одржи извлекувањето за 15 награди од по 100.000 денари во кое учествуваат сите скенирани фискални сметки во април, мај и јуни.  На главното извлекување на 19 декември, пак, ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

„Со оваа измена ќе се доделат повеќе награди на повеќе граѓани кои скенираат сметки и учествуваат во борбата против сивата економија и воедно ќе се овозможи 9,7 милиони денари од наградниот фонд да бидат донирани кон солидарниот ковид фонд за социо-економски мерки за справување со кризата. Купувајте македонски производи! Скенирајте ! Остварете поголем поврат на ДДВ! Добијте шанса за награда… и придонесете во ревитализирање на македонската економија“, напиша Ангеловска.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе