Ангеловска ја прифатила понудата од Заев да биде нов министер за финансии

Централниот одбор на СДСМ на вечерашната седница треба да ја утврди Нина Ангеловска за кандидат за нов министер за финансии. Ангеловска, која се споменуваше и меѓу можните кандидати за потпретседатели на СДСМ, како што пишува „360 степени", ја прифатила поканата од премиерот Зоран Заев да раководи со ресорот финансии во Владата.

Таа од 2016 г. е доктор на науки по менаџмент, а во 2010 г. дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје како студент на генерација.

Нина Ангеловска се смета за успешна млада бизнисменка за што потврда е вбројувањето од „Форбс“ во 2018 г. во „Топ 30 под 30“ – триесетте најуспешни во Европа во продажба (е-комерција), а се помлади од 30 години.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе