„Ковид-19 и економското влијание врз жените", панел дискусија

Ангеловска - Бежовска: Економиите губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз

Корона-кризата во глобални рамки го нагласи уште повеќе прашањето за родовата рамноправност и степенот на вклученост на жените во општеството, бидејќи според податоците, таа несразмерно повеќе ги погодува жените од мажите. Пандемијата наметна потреба од рестриктивни мерки коишто најмногу ги засегнаа дејностите засновани на социјална интеракција во кои учеството на жените е поголемо - услужниот сектор и неформалната економија, оцени гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска - Бежоска.

На панел-дискусијата на тема „Ковид-19 и економското влијание врз жените", на Првата годишна конференцијa на Министерството за надворешни работи – „Жените во надворешната политика", гувернеката рече дека корона - кризата дополнително ја истакна и потребата од засилување на активностите за овозможување родова рамноправност.

Осврнувајќи се на состојбите во регионот на земјите од Западен Балкан, Ангеловска - Бежоска рече дека според студии на меѓународни институции секоја година економиите на регионот имаат загуба од околу 18% од нивниот БДП, како резултат на родовиот јаз на пазарот на труд, како и дека две третини од изгубениот доход се објаснува токму со ниската вклученост на жените на пазарот на труд.

„Во околности на здравствена криза, особено загрижува натамошното зголемување на неактивноста кај жените. Поголемата вклученост на жените во работната сила носи придобивки не само за жените, туку и за целото општество, при што според повеќе студии се заклучува дека повисоката вклученост на жените може да доведе до БДП повисок за дури 10% во развиените земји и дури 30% во земјите во развој", рече Ангеловска-Бежоска.

Меѓу другото, таа истакна дека за поголема вклученост на жените се потребни институционални политики коишто ќе овозможат еднаков пристап до образование, здравство, како и поголем пристап до финансии.

„Оттаму, неопходни се активности за олеснување на пристапот до финансии, зголемување на финансиската едукација, особено кај жените со пониски примања, зголемување на дигиталните вештини, создавање посебни фондови за финансиска поддршка на инвестициите на жените", нагласи гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе