Форум организиран од „Еуромани“

Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви и смелата политика овозможија најниска каматна стапка

Високото ниво на девизните резерви акумулирани во периодот пред пандемијата ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување на дополнителна ликвидност во системот и релаксирање на банкарската регулатива, истакнала гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска на Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани".

Како што соопшти кабинетот на гувернерката, Ангеловска Бежоска нагласила дека таквата политика на Народната банка доведе до солидна кредитна поддршка на компаниите и домаќинствата и до историски најниската каматна стапка.

Ангеловска Бежоска нагласила дека за водењето релаксирана монетарна политика придонесува и репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, којашто на барање на Народната банка за првпат ја одобри Европската централна банка. Ваквиот инструмент е особено важен бидејќи овозможува брз пристап до девизна ликвидност, а во услови на висока неизвесност и на евентуални можни поголеми нарушувања на меѓународните пазари заради шокот од Ковид-19.

Ангеловска-Бежоска говорела и за улогата и мандатот на централните банки во услови на пандамија и за потребата од преоценување на врските во економијата и на трансмисискиот механизам на монетарната политика, заради соодветно приспособување на инструментите и на политиките.

Со оглед на големиот број учесници, овој традиционален форум организиран од „Еуромани" се смета за редок настан од овој тип на којшто водечките експерти од финансиските пазари и носителите на политиките имаат можност да дебатираат и да ја анализираат економската иднина на регионот од ЦИЕ.

За време на Форумот на ЦИЕ, гувернерката, Анита Ангеловска-Бежовска, придружувана од останатите членови на Народната банка, одржа виртуелен состанок со претставници од другите водечки финансиски институции, се вели во соопштението на Народната банка.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе