Анди Аранитаси нов претставник на ЕБОР во Македонија

ЕБОР го назначи Анди Аранитаси за нов претставник во Северна Македонија. Тој доаѓа на местото на Анка Јоана Јонеску која ќе замине од Скопје на 1 септември годинава.

Како што соопштуваат од ЕБОР, Аранитаси работи во Банката во Лондон од 1998 година, а од 2000 до 2005 година е банкар во канцеларијата во Бугарија. Седум години работи во Истанбул, на енергетски проекти во Европа и Азија, и последниве две и пол години е во Бугарија во истиот оддел. Неговото работно искуство е во тимовите на Централна Европа и Западен Балкан, во секторите на телекомуникации, енергија и енергетика.

По завршувањето на средното образование во неговата родна земја Албанија,  Аранитаси ја добива школарината на Фондацијата Отворено општество за Американскиот универзитете во Бугарија, каде дипломира во 1996 година.

„Сакам да ја продолжам тековната работа со локалниот тим во проекти за поврзување на земјата, како и во оние од секторот инфраструктура и енергија, истовремено ангажирајќи се за зголемување на активностите на Банката во приватниот сектор“, истакнува Аранитаси.

 ЕБОР во земјава има инвестирано повеќе од 1.87 милијарди евра во 117 проекти, фокусирајќи се на поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции на Банката и други придружни активности.

Анка Јоана Јонеску ја претставуваше ЕБОР во Северна Македонија повеќе од пет години.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе