Анализа на Фајнанс тинк: Прогресивниот данок ќе има мали ефекти на буџетот

Буџетските ефекти од потенцијалното прогресивно оданочување би биле релативно мали и на годишно ниво би се движеле помеѓу 30 и 37 милиони евра дополнително прибран персонален данок од доход, што претставува помеѓу 10,8% и 13,1% од вкупно прибраниот персонален данок од доход, покажаа резултатите на анализата на Фајнанс тинк (Finance think), Институтот за економско истражување и политики.

Податоците за доходовната распределба објавени од страна на Министерството за финансии укажуваат на лошата социјална слика за Македонија. Притоа, главната порака што произлегува од овие податоци е дека вкупното население е сиромашно, додека разликите помеѓу крајните децили (центили) од доходната дистрибуција ги надувуваат поединци, наместо цели децилни (центилни) групи, смета Фајнанс тинк и додава дека ваквата слика не треба да исклучи воведување прогресивен данок на доход.

Од проценката на буџетските ефекти кои би се постигнале со потенијално воведување прогресивен данок на персонален доход, симулирани се четири алтернативи:

1. Оданочување на вкупниот доход на најбогатите 1% со 18%

2. Оданочување на разликата помеѓу вкупниот доход и границата од 1.523 евра со 18%, а износот под 1.523 евра со 10%, на најбогатите 1%

3. Оданочување на вкупниот доход на најбогатите 2% со 18%

4. Оданочување на разликата помеѓу вкупниот доход и границата од 1.044 евра со 18%, а износот под 1.044 евра со 10%, на најбогатите 2%.

Ефектите брз буџетските приходи се прикажани на следниот графикон.

 

Резултатите покажуваат дека буџетските ефекти од потенцијалното прогресивно оданочување би биле релативно мали и на годишно ниво би се движеле помеѓу 30 и 37 милиони евра дополнително прибран персонален данок од доход, што претставува помеѓу 10,8% и 13,1% од вкупно прибраниот персонален данок од доход.

Притоа, овие пресметки не го земаат предвид ефектот од потенцијално зголемување на даночната евазија.

За споредба, износот што од буџетот се одвојува за сите видови социјални помоши, на годишно ниво изнесува околу 100 милиони евра. Износот што буџетот ќе го одвои за субвенционирање на порастот на минималната плата изнесува 90 милиони евра.

Според овие пресметки, дизајнот на потенцијалната реформа за прогресивно оданочување треба да биде внимателен, во поглед на следните прашања:

Колкава ќе биде стапката на прогресивниот данок?

Кои ќе бидат границите на одделните стапки?

Кои се лицата кои ќе бидат оданочени со повисоки стапки, односно дали се тоа претприемачи, менаџери, професионалци во брзорастечки индустрии (ИТ) и сл.?

Како новонаметнатиот даночен товар ќе се одрази врз малите претпријатија, стартапите и кој било друг претприемнички потфат?

Како новонаметнатиот данок ќе се одрази врз иселувањето на висококвалификуван и дефицитарен кадар, како што се ИТ инженери, доктори, претприемачи и сл.?

Дали стапките на прогресивниот данок ќе бидат различни, зависно основата на доходот (на пр., особено диференцирање на стапките за данок на доход од дивиденда, кирија и сл.), се вели во известивањето на Фајнанс тинк.

Објавено

Вторник, Август 29, 2017 - 17:44

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе