Амчам ги зајакнува трговските односи на Македонија и Грција

Американската стопанска комора во Северна Македонија (Амчам) во соработка со Американско–грчката стопанска комора (Амчам Грција) и со поддршка на амбасадите на САД во Скопје и Атина, ја организираат својата прва трговска мисија на компании од Грција во Македонија.

Трговската мисија ќе се одржи на 21 и 22 март во хотелот Хилтон во Скопје, а целта е да се претстават можностите за инвестирање во нашата држава, како и да се воспостави деловна соработка помеѓу домашните компании со компании од соседна Грција. 

Во текот на првиот ден ќе бидат претставени можностите за инвестирање кои македонската Влада ги нуди за странските и домашните инвеститори, додека вториот ден ќе бидат организирани директни средби помеѓу компании од Грција и Македонија кои дејствуваат во индустриските сектори: агротехнологија, логистика, производство, технологија и иновации, енергетика, туризам, градежништво и инфраструктура. Во рамки на настанот ќе бидат посетени и две компании, странски инвестиции, од Грција и од САД.

„Градењето одржливи партнерства и можности за соработка е во основата на функционирањето на Амчам организациите ширум светот и иницијативите од овој вид се главен приоритет на Амчам Северна Македонија во изградбата на подобар деловен екосистем за нашата земја“, вели Драган Давитков, претседател на бордот на директори на Амчам Северна Македонија во пресрет на одржувањето на трговската мисија.

Трговската мисија следува после билатералниот состанок на Амчам Македонија и Амчам Грција, кој во септември минатата година беше одржан во Солун во рамки на Енергетскиот форум на Југоисточна Европа, кога беа поставени и рамките за засилена билатерална економска соработка што ќе вклучува иницијативи за зголемени трговски релации и унапредена деловна соработка меѓу Грција и Македонија.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе