„Алкалоид“ во домашен погон почна да ги произведува влажните марамчиња „Бекутан“

Новата линија овозможува пакувања од пет до 150 влажни марамчиња, со капацитет од 120 единици спакуван производ во минута.

По 15 години производство на влажните марамчиња „бекутан“ во странство, „Алкалоид“ конечно го префрли целиот процес во новиот погон на компанијата на локалитетот „Лафома“ во скопски Ѓорче Петров, кој денеска беше пуштен во употреба.
Технолошката и производствената опрема се набавени од Хрватска и Турција, а во изведбата на проектот беа вклучени десетина македонски компании. Новата линија овозможува пакувања од пет до 150 влажни марамчиња, со капацитет од 120 единици спакуван производ во минута.
„Оваа инвестиција, чија вредност е близу четири милиони евра, ја започнавме во март 2020. Таа опфаќаше приспособување на производствениот и складишниот простор со вкупна површина од 3.200 квадратни метри, во кој е сместена целосно автоматизирана и роботизирана процесна и технолошка опрема. Максималниот годишен капацитет на оваа инвестиција е 50 милиони парчиња производ. Особено ни е мило што целиот процес на производство на влажните марамчиња, најпродаваниот производ од портфолиото „Бекутан“, целосно ќе се изведува во нашите погони, според светски стандарди“, изјави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.
Влажните марамчиња „бекутан“ се појавија на пазарот во 2006 година и се изработени според оригинална рецептура на фармацевтските експерти од „Алкалоид“.
 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе