“Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз од 21%

„Алкалоид АД" Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2019 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 4.138.296.380 денари, што е за 13% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 846.016.625 денари, бележи зголемување од околу 21%, единечната нето добивка изнесува 476.943.692 денари и истата е зголемена за 19%.

Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.527.969.892 денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 6%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 21%. Од вкупните консолидирани продажби, 34% се остварени на домашен пазар, додека 66% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 9%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 208.941.531 денари што е 3 пати повеќе од лани и Русија со продажби од 349.136.633 денари што претставува раст од 95% споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Германија раст од 49%, Бугарија раст од 32%, Украина раст од 31%, Романија раст од 27%, Чешка раст од 26%, САД раст од 15%, Косово раст од 15%, Србија раст од 12%, Црна Гора раст од 11%, Словенија раст од 9% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 86%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 22%, Кардиолошките препарати со 16%, Антибиотиците со 15%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 14% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 8% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 865.953.790 денари бележи раст од 22%, додека нето консолидираната добивка во износ од 460.762.242 денари е зголемена исто така за 22%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2019 година изнесуваат 421.718.320 денари.

Во периодот јануари - јуни 2019 година во Алкалоид се реализирани 80 нови вработувања во Република Северна Македонија.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе