„Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Велика Британија

Алкалоид АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, со назив Alkaloid UK Limited кое што е 100% во сопственост на Алкалоид АД Скопје.

„Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на Алкалоид АД Скопје донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот. Алкалоид АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година“, соопштија од компанијата.

Со ова, како што се додава во соопштението, Алкалоид АД Скопје продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.

 

 

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе