По советичкото место кај премиерот

Александар Обрадовиќ, контроверзниот менаџер од Србија, во Македонија стана директор на ЕЛЕМ трејд

Управниот одбор на АД Елекстрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Александар Обрадовиќ за управител на фирмата-ќерка ЕЛЕМ трејд. Постапката на назначување на управители на друштвата со ограничена одговорност основани од АД ЕСМ е со одлука на Управниот одбор, и истите се назначуваат и разрешуваат од страна на Управниот одбор без образложение, согласно Законот за трговски друштва и Статутот, ни ја потврдија информацијата за новиот директор на ЕЛЕМ трејд од ЕСМ. ЕЛЕМ трејд е фирма специјализирана за трговија со струја.

Обрадовиќ на ова место доаѓа од советничкото место за економски прашања за соработка во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Тој во Македонија е од 2017 година, кога Заев стана премиер, и истата година стана и македонски државјанин во постапка каква што се применува за лица кои се од особен економски, културен, спортски или друг национален интерес. Таа година, според сите информации власта планирала да го постави за директор на ЕЛЕМ, меѓутоа по бурните реакции во јавноста Обрадовиќ остна да биде само советник со плата од 72.000 денари.

Името на Александар Обрадовиќ по српските медиуми главно е поврзано со бројни скандали. Тој бил регионален директор на чешката државна електроенергетска компанија ЧЕЗ и генерален директор на српската државна електроенергетска компанија ЕПС.

Пребарувањето по српските медиуми покажува дека се работи за уште една контроверзна личност (по изборот на Зоран Башановиќ за надворешен соработник во кабиентот на премиерот). За Обрадовиќ пишува дека кога бил директор на ЕПС плаќал советници по 3.800 евра, дека ЕПС е во долг, дека директорот го минира договорот со Кинезите, штелува тендер за наплата на струја...

Освен тоа, за него пишува и тоа дека има сериозно меѓународно образование и кариера, дека дипломирал економија во Прага, две магистратури во Чешка и во САД, дека работел во издавачка куќа, па во консултантска фирма, бил менаџер во еден од најголемите произведувачи на цемент во светот, директор на чешкото електростопанство за Србија...

Тој бил избркан од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење... За Обрадовиќ српските медиуми пишуваат дека како директор на ЕПС не ја осигурал опремата на компанијата чии багери во 2014 година биле уништени во поплавите кај Колубара во басенот за јаглен со што била причинета штета од 300 милиони евра.

Во средината на 2013 година Обрадовиќ и покрај загубите на компанијата од околу 20 милиони евра, распиша тендер за ангажирање на осум консултантски куќи за кои беше спремен да плати околу 10 милиони евра. ЕПС на чело со ОБрадовиќ милионски вредна зделка ја доделил на чешката филијала на консултантската фирма „Артур Д.Литл“ во која тој претходно со години работел. За промена на визуелниот идентитет на ЕПС Обрадовиќ дозволил да се плати околу 42 милиони динари - за логото 21 милион, а за маркетиншката кампања 20,9 милиони динари.

Од ЕПС се обиделе да ги заобиколат правилата за заштита на животната средина на Светскта банка и така да добијат 30 милиони долари за испумпување вода од ископините на јаглен кај Лазаревац. Светскта банка поради тоа ги стопирала преговорите, па и целиот процес на испумпување вода доцнел.

По српските медиуми може да се прочита и уште за скандалите на Обрадовиќ, „раскалашаниот директор кој се луксузирал со државни пари“, за неговите соработнички со медиумите, ангажирање на естрадни личности од Гранд продукцијата, за луксузни летувања...

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе