АКК Рено спорт ја стартува втората сезона на Твинго купот со интернационален натпревар на „Гробник“

Твинго куп (Twingo Cup) по успешната прва сезона во 2020 година повторно ќе биде во центарот на вниманието на љубителите на високите октани во Македонија. Новата натпреварувачка сезона стартува овој викенд (22 и 23 февруари) и тоа на патеката „Гробник“ во Хрватска.

Осум македонски натпреварувачи ќе ги тестираат своите квалитети на интернационално ниво: Мартин Делев, Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Емил Нацка, Слободан Трајковски, Иван Стефановски, Владимир Треневски и Мартин Костовски.

На стартот на „Гробник“ ќе се појават дури 30 автомобили Twingo, бидејќи покрај нашите натпреварувачи учество ќе земат и натпреварувачи од Estet Twingo Cup и Italian Entry Cup.

Според првичната програма во сабота ќе се одржат слободни тренинзи, квалификации и две спринт трки, додека во недела (23 февруари), исто така ќе има тренинзи, квалификации и четири часовна трка во издржливост.

Во натпреварувачкиот куп моделите Рено твинго се унифицирани и специјално модифицирани од страна на  Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

За овој куп планирани се 8 трки (4 кружни и 4 ридскобрдски) согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација .

На крајот од секоја сезона првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот  е 100% електричното возило Renault TWIZY.

Официјалните спонзори на купот се: Аутомотив Груп - официјален импортер на брендот Renault во Македонија, ПСС (Power Sport System) Триглав Осигурување, Шпаркасе Лизинг и компанијата Мотул.   

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе