Ајварката со висока откупна цена

Продолжува побарувачката и на крајот од сезоната за црвената пиперка „ајварка“ во Струмичко, која се откупува од 18 до 30 денари за килограм во зависност од квалитетот.

„Преработувачите плаќаат од 18 денари за трета категорија пиперка до 30-32 денара за прва класа исчистена во гајби. Иако бербата на „ајварката“ е пред крај и ја има само под пластеници, сепак мора да се каже дека од овие откупни цени сме задоволни“, вели Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Преработувачите потврдуваат дека и на крајот на сезоната „ајварката“ се откупува по повисока цена, која ја зголемувата и цената на нивното производство.

„Добро е што имавме убави временски услови и заради тоа имаше постојан откуп на оваа пиперка. Нашата компанија откупува исклучиво прва класа, бидејќи ја обработуваме во филети. Откупните цени се повисоки и затоа се одразува на прозводствените цени. Ги информираме нашите деловни партнери од странство дека цените се покачени заради повисоките откупни цени на суровините“, информира Киро Јовов, сопственик на „Агро-комерц 92“ од Струмица.

Годинава во Струмичко од отворено и под пластеници се набрани 50 илјади тони пиперка „ајварка“, што во споредба со минатите години е помалку за 10 илјади тони.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе