АХВ спровела 738 вонредни контроли, издадени решенија за отстранување на пропусти и две парични казни

Пропусти во поглед на почитување на препораките за заштита од корона вирусот, како и недоследности во однос на општите хигиенски услови и продажба на производи со изминат рок на употреба, како и пропусти во редовното водење записи за спроведување на добри хигиенски практики, утврдени се при контролите што ги врши Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). За утврдените недоследности, донесени се 32 решенија за нивно отстранување, изречени се 46 мерки едукација и две парични казни.

Како што информираат од АХВ, 738 вондредни контроли спровеле инспекторите за храна и официјалните ветеринари во изминатите две недели, во продавници, супер маркети, угостителски објекти и месарници, од почетокот на засилените инспекциски контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна да ги спроведува кај операторите со храна, од 16 март годинава.

Засилените контроли, според АХВ, се спроведуваат како дел од активностите на Агенцијата за намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, во рамки на кои се вршат проверки дали операторите со храна, покрај основните и посебните услови за производство, дистрибуција и трговија со храна, ги почитуваат и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести, за спроведување на засилената дезинфекција на опремата и транспортните средства и објектите за трговија, со цел намалување на потенцијалната опасност од ширење на коронавирусот.

Агенцијата за храна и ветеринарство им препорачува на бизнис операторите со храна да ги почитуваат донесените мерки на Владата за справување со корона вирусот и неодамна објавените препораки од АХВ за безбедно работење во услови на пандемија со вирусот ковид-19.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе