AХВ: Кампања за одговорно однесување со коњите и спречување на нивната злоупотреба

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска ја почнува кампањата чија цел е подигнување на свеста на сопствениците и одгледувачите на коњи кои се користат за влеча, превоз и работа, како и подигнување на свеста за опасноста од учеството на оваа категорија животни во сообраќајот, особено во урбаните средини.

Според АХВ, при одгледувањето коњи, како и секој друг вид животно, клучно е унапредувањето на неговата здравствена заштита и благосостојба, но и законската одговорност на секој сопственик.

„Од денеска почнуваме со реализација на кампања за подигнување на јавната свест за благосостојбата на работните коњи со цел унапредување на здравствената заштита на оваа категорија животни, која претставува и сериозен сообраќаен и безбедносен проблем на патиштата, особено во урбаните средини. Во рамки на оваа кампања изработен е едукативен спот, постер на Македонски, Албански и Ромски јазик и билборди кои ќе бидат поставени во Скопје, Тетово, Битола, Штип и Прилеп“, информира Агенцијата.

Почетокот на кампањата ќе се одбележи со одржување состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Градот Скопје, Општина Шуто Оризари и на Коњичката федерација на Македонија.

Кампањата е една од компонентите на кампањите за подигнување на јавната свест за благосостојбата на животните во рамки на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” што АХВ го реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015. Проектот е составен од неколку компоненти и е вреден 1,6 милиони евра. 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе