АХК: Македонија троши двојно повеќе отколку што произведува

Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК) во својата утринска телеграма порачува дека Македонија влегува во енергетска криза и оти во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува поради што црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби.

Државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа. Поради тоа Владата во вторникот прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Македонските производни компании се загрижени поради претстојната енергетска криза, но и поради последиците кои ќе ги предизвика недостигот на струја, информира директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе