Белград

Агенцијата за туризам на Македонија учествува на конференција за заедничкото делување и регионалната соработка

„SEET 2018" - Туризам за Југоисточна Европа e осма бизнис конференција која се одржува под покровителство на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија.

Учесниците на конференцијата ќе се фокусираат на деловните интереси на учесниците. Агенцијата за туризам со своите претставници, предводена од директорот Љупчо Јаневски ќе учествува во сите сегменти и ќе даде придонес, со цел за подобрување на односите и поефикасна соработка со регионот. Идејата е искуствата и ресурсите да се применат во поефикасна артикулација од заеднички интерес за создавање на нови пазарни стратегии.

Сава Центар, Белград е местото каде туристичките професионалци и лидери од регионот ќе имаат можност да дискутираат, да споделат искуства и идеи за заедничко делување на повеќе теми: колку од дестинациите од регионот се конкурентни и дали се работи на стратешко позиционирање на туристичките дестинации во современиот туристички пазар, колку автентичните дестинации и исклучителни искуства се предизвик за новите патувачи, дали дестинациите ги пратат новите трендови и иновации во создавање нова вредност во туристичкиот пазар.

Јаневски ќе биде панелист на тема „Aвтентичните дестинации и исклучителни искуства- предизвик за новите патувачи”, заедно со Марија Лабовиќ, директорка на Националната туристичка организација на Србија, Нада Јовановиќ, директорка на Туристичка организација на Република Српска, Јован Стојаноски, градоначалник на општина Охрид и претставници од Хрватска и Црна Гора.

Љупчо Јаневски

„Заедничкото делување и регионалната соработка се исклучително важни, особено кога станува неопходност самоодржливоста. Свесни сме дека овој дел од Балканот има уникатен производ кој треба добро да го спакуваме и промовираме. Но, потребна е заедничка иницијатива и координација на сите инволвирани страни“, вели Јаневски.

Бизнис конференцијата „SEET 2018" вообичаено собира над 400 делегати од ЕУ, Русија, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Турција, земјите од ЈИЕ... меѓу нив се високи претставници на релевантните меѓународни организации и бизнис асоцијации, експерти во областа на одржливиот развој на бизнисот во туристичката индустрија, државни и локални владини претставници, образовни и јавни институции, како и носители на одлуки од водечките компании во областа на туризмот и сродни индустрии...

Денеска Jаневски ќе биде дел од панел дискусија „Како со заедничко делување да го зголемиме бројот на туристи во регионот”.  Настанот се организира во Белград по повод лансирање на изданието Belgrade In Your Pocket.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе