Поради ширењето на страв од новата мобилна технологија

АЕК бара изготвувач на научна студија за влијанието на 5г технологијата врз здравјето

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи научна студија насловена како „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која не опкружува (4Г, 5Г)". Територијата на Македонија е покриена со 2Г ,3Г и 4Г мрежа, а операторите се во фаза на подготивки за изградба на 5Г мрежа.

Тендерот е објавен во Бирото за јавни набавки, а заинтересираните компании кои ќе ги исполнат бараните критериуми врзани за стручноста, искуството и експертизата, своите понуди ќе можат да ги доставуваат до 22 декември. Избраната компанија со која ќе биде склучен договор ќе има обврска во рок од шест месеци да ја изработи бараната студија која ќе биде и основа за понатамошните чекори кои ќе ги презема АЕК врзани за развој на безжичните телекомуникациски мрежи во земјава.

„Веројатно ниту една технолошка револуција не поминала без да предизвика страв кај одредена категорија луѓе. Иако, реално, 5Г за обичниот граѓанин ќе значи само надградба на 4Г мрежата којашто сега е во функција, сепак во АЕК постојано пристигнуваат поплаки кои се мотивирани од страв од новата генерација 5Г мрежи и барања да се отстранат антени за кои граѓаните сметаа дека се од новата генерација", изјави Сашо Димитријоски, директор на АЕК.
И мобилните оператори, додаде, имаат проблеми во поставувањето на антени за 4Г мрежа кои се инсталираат за подобра покриеност и подобри услуги.

„Денес веќе е дојдена ситуација дотаму што секој нов предавател се смета дека е антена за 5Г мрежа. Па дури имавме ситуација каде две антени без запалени, веројатно од оние кои веруваат во опасноста од 5Г мрежата, кои сметале дека станува збор за такви антени. Затоа и решивме да распишеме меѓународен тендер за избор на компанија која ќе направи сеопфатно истражување, мерење и анализа за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните. Веруваме дека со неа ќе имаме документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата", посочи Димитријоски.

Научната студија, како што е наведено во тендерската документација, треба да даде јасна слика за моменталната ситуација со влијанието на зрачењата од телекомуникациските алатки поткрепена со факти, да разработи методологија за мерење, лоцирање и спроведување на мерењата, да содржи анализи и извештаи врз база на добиените информации и извршените мерења. Со неа треба да бидат објаснети зрачењата кои ги создаваат телекомуникациските уреди, нивните гранични вредности на дозволена јачина на зрачење, дефинирано како максимално дозволено, за да не се премине прагот од нештетно во штетно зрачење по здравјето на луѓето како и заштита на околината.

„Територијата на Македонија е покриена со 2Г ,3Г и 4Г мрежа, а операторите се во фаза на подготивкин за изградба на 5Г, понатаму и 6Г и други генерации на мрежи. Во јавноста се отвора дебата поврзана за влијанието на овие технологии врз здравјето и животната средина. Имајќи предив растот на создадениот страв во јавноста, потребно е да се покаже теоретски и практично дека изложеноста на радиофреквентни електромагнетни полиња (RF RFM) во различни микрооколини на постојните мобилни мрежи, вклучително и на новата 5Г мрежа, се во согласност со сите светски препораки", стои во документацијата.

Научната студија треба да докаже и прикаже дали до денес постојат или се докажани некакви здравствени ризици од изложување на RF EMF зрачења, од јавните здравствени агенции и СЗО. Таа треба да опфати и теоретски објаснувања и видови на зрачења, европската регулатива, директивите од меѓународни организации за телекомуникации, приказ на развој на мобилните технологии, научни стандардизации како и примери од земји кои имаат 3,4 и 5Г режи и друго.

Исто така, се очекува таа да даде и препорака за употреба и изградба на постојната и идната 5Г мобилна мрежа, каде да се изгради, растојание меѓу нив, како и проценка на ризик по здравјето како резултат на изложеност на EMF во различни микросредини.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе