„Аџибадем Систина” со пониски цени на ПЦР и тестовите за антитела

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали цените на тестовите за детекција на присуство на корона вирусот (ПЦР тест) и за одредување на имунитет од Ковид-19 (IGG Spike тест), па сега ПЦР тестот ќе чини 2.100 денари, а тестот за антитела 500 денари. 

„Како стивнува пандемијата, така се отвораат можностите за повеќе патувања, но поради меѓународните препораки и ширењето на нови соеви, сите држави воведуваа посебни мерки за заштита од ковид-19. Во повеќето земји од ЕУ задолжително е да се прикаже негативен ПЦР тест при влезот, а тестот е неопходен и за поголем дел од земјите во кои Македонците патуваат најчесто”, соопштуваат од болницата.

„Аџибадем Систина“, како што велат оттаму, им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба во овој период од тестирање, па новата цена на ПЦР тестот изнесува 2.100 денари. Достапен е и фамилијарен пакет за тестирање на над три члена од семејството по цена од 2.000 денари по лице и пакет групно тестирање за над десет членови од семејство или за компании во кој еден тест чини 1.900 денари. Резултатите се издаваат истиот ден, а тестирањата се без закажување.

Во дијагностичките лаборатории на „Аџибадем Систина“ IGG Spike неутрализирачкиот тест зa одредување на имунитет oд ковид-19 се нуди по промотивна цена од 500 денари по лице. Станува збор за тест со најголема сензитивност и специфичност за квантитативно одредување на имуниот одговор кај вакцинирани пациенти и пациенти кои прележале ковид-19, односно за одредување нa неутрализирачки IgG антителa (S1 и S2 суб-единица на S“spike”) протеинот на SARS-CoV-2.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати достапен е и ургентниот ПЦР-тест по цена од 9.000 денари, а резултатите се добиваат за 2 часа.

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе