„Аџибадем Систина“ реакредитирана од престижната JCI

Во 2016 година „Аџибадем Систина" беше првата болница во земјава која ја доби престижната акредитација Joint Commission International (JCI). Годинава болницата доби и рекаредитација, уште еднаш потврдувајќи дека работи по светски стандарди. Златниот печат е доказ дека пациентите во Клиничката болница „Аџибадем Систина" добиваат квалитетна, високопрофесионална и ефикасна здравствена услуга. Пациентите во болницата „Аџибадем Систина" добиваат безбедна услуга во целокупниот процес на лекување, почнувајќи од приемот, сè до дијагнозата, третманот и понатамошната рехабилитација.

Медицинскиот директор проф.д-р Љупчо Лековски појасни дека станува збор за континуиран процес на континуирано подобрување на услугите во болницата.

„Денеска имам посебна чест и задоволство да објавам дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно помина низ процес на реакредитација од страна на Joint Commission International (JCI) и повторно се здоби со златниот печат кој гарантира безбедност и сигурност за пациентите и вработените. Во периодот од 14 до 18 октомври комисија од JCI беше во ревизија на нашата болница, којашто заврши успешно и со што докажавме дека сме болница која работи според строгите стандарди и принципи на JCI, со коишто се гарантира безбедноста на нашите пациенти и сигурноста во спроведување на медицина и постапки базирани на медицински доказ“, истакна проф.д-р Лековски.

Бенефитите од JCI стандардите не ги чувствува само пациентот туку и вработените во болницата. За медицинскиот персонал тие значат поголема безбедност во работата и помалку медицински грешки. JCI стандардите, практично, значат чекор кон совршенство во грижата за пациентите, а крајниот резултат е сигурна и безбедна здравствена заштита.

„Ревизорите од Joint Commission International уште еднаш потврдија дека нашата болница ги исполни сите критериуми и уште еднаш се закити со златниот печат. Бенефитите коишто пациентите ги добиваат со оваа реакредитација се безбедна и квалитетна здравствена заштита која што се базира на процедури, на евидентирани докази, на унифицирани клинички пракси, на култура на безбедност која се однесува не само на персоналот, туку и на пацинетите и на нивните најблиски, и раководство коешто е секогаш подготвено да ги следи критериумите на безбедна и квалитетна здравствена заштита“, изјави Милена Буџаровска од Одделот за квалитет во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Joint Commission International е најпрестижна болничка акредитација во светот, поради строгите стандарди кои се фокусирани на области кои директно влијаат на грижата и лекувањето на пациентот. Програмата за акредитација JCI го опфаќа целиот процес од влегување на пациентот во болница, следење на неговото лекување до напуштање на болницата. Станува збор за непрофитна, невладина агенција со седиште во Чикаго, Илиноис (САД). Joint Commission International работи со цел да го подобри квалитетот и безбедноста на медицинските услуги на здравствените организации преку едукација и акредитација Joint Commission има акредитирано близу 20.000 здравствени организации во САД, вклучувајќи болници, клиники и други здравствени институции, а  од 1997, Joint Commission ја проширува мисијата низ целиот свет со формирање на Joint Commision International. Преку интернационални акредитации, консултации, публикации и едукациии, JCI помага во подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги во многу држави. Досега JCI има акредитирано приватни и државни здравствени установи во повеќе од 100 држави низ светот.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе