„Аџибадем Систина“ продолжува со Академска пракса за студентите

Лани Клиничката болница „Аџибадем Систина" во соработка со Факултетот за медицински науки при УГД Штип започна проект „Академска пракса 'Аџибадем Систина'" со кој студентите од последната VI година на факултетот имаа можност за следење на практична настава во болницата.

 

Овој пионерски проект во државата и регионот, кој го започна „Аџибадем Систина“, продолжува и оваа година и стартува денес со уште едно многу значајно дополнување за студентите. Покрај студентите од VI година кои ќе следат пракса во периодот од неколку месеци и ќе ротираат на различните оддели во болницата – хирургија, педијатрија, гинекологија; дополнително, на студентите од пониските години на овој факултет ќе им биде овозможено да изведуваат и практични вежби по одредени предмети.

На овој начин, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во целост ги опфаќа активностите кои им се неопходни на студентите на медицина, а кои поради пандемијата со ковид-19 за нив се тешко достапни во јавното здравство.

Медицинската пракса, која е во согласност со студиската програма за општа медицина на овој факултет, за студентите во VI година претставува врв на нивното школување и со оваа практична обука ги завршуваат своите студии. Минатата година дел од „Академска пракса ‘Аџибадем Систина’“ беа повеќе од 100 студенти, идни доктори кои основата на своето школување ја заокружија со можноста што им ја понуди Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Оваа година, од особена важност е што ‘Аџибадем Систина’, како најсовремена приватна кличника болница, како дел во целиот систем на академската пракса вклучи и можност за практични вежби за студентите од пониските години на овој факултет. Практичните вежби кои студентите треба да ги следат во пониските години се од круцијална важност во нивното школување. На тој начин тие го утврдуваат своето знаење и за првпат како студенти на медицина директно се соочуваат со преминот од теорија во пракса, а можноста тоа да го направат токму овде, во најсовремената приватна болница која користи најнапредна технологија, а притоа да учат и од најреномирани кадри во областа е едно огромно позитивно искуство во градењето на нивната професионална кариера. Ова е новитет за нас како болница, а нескромно можеме да кажеме дека ова дополнување на целиот проект е уште еден пионерски чекор во земјата и регионот, со што се докажува дека ‘Аџибадем Систина’ како врвна медицинска установа ги користи сите свои ресурси во вложување во младите медицински кадри на кои им е неопходна практична поткрепа на нивното теоретско знаење“, вели доктор Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија и професор на Факултетот за медицински науки при УГД Штип.

Втората година од проектот „Академска пракса ‘Аџибадем Систина’“ започнува денес, на 14 октомври, кога се прима и првата група на студенти кои ќе изведуваат пракса во болницата. За нив ќе биде обезбедена храна, униформи и заштитна опрема. Првиот дел од оваа втора година се очекува да заврши за три месеци, по финализирање на праксата на студентите и нивната ротација на одделите за хирургија, гинекологија и педијатрија во болницата.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе