Додека трае кризата до ковид-19

АДСДП со предлог до Владата за намалување на закупнините за деловни простории

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката- Скопје ќе и предложи на Владата намалување на закупнината на деловните простории на Друштвото, и тоа во целиот период на траење на мерките за заштита и превенција од вирусот ковид-19.

На овој начин, закупците на угостителски објекти би плаќале 30% пониска закупнина на месечно ниво , а сите останати 20% пониска закупнина.

Предлог мерката беше договорена на состанок меѓу дел од закупците и раководството на Друштвото,а на кој Генералниот директор Кристијан Трајковски беше информиран за состојбата и последиците со кои што се соочуваат.

Ваквото олеснување ќе можат да го користат само клиентите кои ќе ги подмират финансиските обврски, односно да не должат закупнина повеќе од 3 месеци, а правото ќе можат да го остварат и сите идни закупци кои ќе склучат договор за користење на деловен простор во сопственост на АДСДП.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе