Берза

Адора на Ванчо Чифлиганец сега има 14,9 отсто од акциите во Комерцијална банка

Адора инженеринг вчера на Македонска берза преку блок трансакција купила 48.837 обични акции на Комерцијална банка со што градежната компанија на Ванчо Чифлиганец сега е сопственик на 14,9 проценти од акциите на најголемата и најмоќната банка во земјава.

Сега Адора инженеринг ДООЕЛ експорт-импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999 отсто во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

На редовното тргување една акција на Комерцијална банка вчера се продавала по 8.750 денари.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе