На јавна лицитација

Адора инженеринг на Чифлиганец ја купи Топлификација за 9,3 милиони евра

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај, соопштија од компанијата. 

Во соопштението од Адора инжеринг се наведува дека важен позитивен аспект од оваа зделка што ја одлучи судбината на досегашниот загубар Топлификација АД, е што „регулираниот бизнис со производството на топлинската енергија ќе биде во рацете на сигурна компанија со целосно домашен капитал и менаџмент”. 

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора и одговорен за деловниот развој на компанијата. 

„Во сите бизнис полиња и аспекти каде што Адора е деловно присутна, работиме со примарна цел да ги унапредиме истите, да внесеме иновативност, проактивност и прогресија во истите. Во сите наши деловни активности, работиме според сите последни глобални методи, трендови и стандарди и наша примарна цел е да бидеме позитивен економски пример во гранките во кои делуваме. Сметаме дека вистинскиот успех на компаниите се мери според квалитетот на општеството, кои умеат да го создадат во средините во кои делуваат. Пред 20 години, нашиот директор Ванчо Чифлиганец ја основа Адора инженеринг, која што за кратко време ја демонстрираше нашата посветеност како луѓе кон деловниот квалитет. Во изминатите неколку години, успешно го диверзифициравме работењето во неколку деловни сфери, кои исто така се покажаа искличително успешни. После студиозна физибилити студија сработена од врни домашни експерти од полето на енергетиката и повеќегодишни длабоки обсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија се одлучивме на овој храбар потег во времиња исполнети со огромна неизвесност и предизвици. Цената на природниот гас, кој што е главен влезен параметар во работењето секојдневно руши нови рекорди, а регулираниот одреден принос на капитал од работењето е на историски најниско ниво. Меѓутоа, во Адора, имаме афинитет на прифаќање на деловни предизвици и донесовме одлука дека овој бизнис од државно значење заслужува да биде во рацете на домашна компанија. Нашата држава поседува исклучително квалитетен кадар од областа на топлинската енергија и енергетика генерално. Во соработка со домашната стручна фела, имаме јасна визија како да го поставиме работењето на правилен начини и да го оптимизраме и модернизираме процесот на производство во согласност со сите последни технологии. Постојат многу сфери во работењето на кои што ќе треба да се посвети интезивно внимание, труд и работа со цел да се изнајде економска оправданост, меѓутоа, во Адора веруваме дека со поддршка од успешно потврдената Регулаторна комисија за енергетика, од досегашниот, за жал загубар Топлификација АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија. Овој бизнис аспект ќе функционира како посебен правен ентитет под името Adora Energy Solutions и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси”, вели Чифлиганец.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе