АД ОХИС во стечај продаден за 7,1 милиони евра на фирма од Јужноафриканската Република

„Хемиски инженеринг", фирма од Скопје е новиот сопственик на дел од имотот на ОХИС, без имотот што досега бил продаден во извршни постапки. Цената платена за тој дел од имотот била 7,1 милиони евра, без ДДВ.

Во Централниот регистер стои дека позади „Хемиски инженеринг“ стои извесен Горјан Максимовски и компанија од Јужноафриканската република „Стил ен прешур инженеринг“ (Steel and preassure engineering).

„Продажбата на имотот на АД ОХИС во стечај се реализира согласно одлуката на Собранието на дооверителите, како трета електронска продажба, при што имотот - стечајната маса која е предмет на оваа продажба не го вклучува имотот продаден во извршни постапки пред стечајот, имотот на разлачните доверители (Комерцијална банка и Стопанска банка) кои се намируваат надвор од стечајната постапка и имотот на РМ. Во спроведената постапка избран е понудувачот друштвото за производство, трговија и услуги „Хемиски инженеринг“ доо Скопје кое треба да ја плати понудената цена од 7,1 милиони евра, без ДДВ за имотот на АД Охис во стечај.  Постапката ја водат Собранието на доверители и стечајниот управник“, одговори Министерството за економија на прашањата на МКД.мк, без детали за тоа која е компанијата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе