АД ЕСМ уверува дека со сите капацитети ќе произведува струја за граѓаните

АД Електрани информираат дека со максимална вклученост на расположливите капацитети, ја произведува целокупната електрична енергија за граѓаните и малите потрошувачи, а исто така компанијата ќе биде вклучена во реализација на договорените проекти за справувањето со енергетската криза кои ќе произлезат од иницијативата Отворен Балкан и од другите форми на соработка меѓу земјите во регионот, чие директно спроведувања во енергетиката ќе треба да тече преку АД ЕСМ.

Генералниот директор на АД ЕСН Васко Ковачевски, се вели во соопштението, учествуваше на самитот на иницијативата „Отворен Балкан" во Белград, на тркалезната маса посветена на справувањето со енергетската криза, на која присуствуваа највисоките владини претставници од земјите учеснички, како и претставници од енергетските субјекти и институции, информираат од АД ЕСМ.

Ковачевски, со министерот за економија, Крешник Бектеши потоа, се вели во соопштението, имале одвоена средба со српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, на која, како што инфомираат, разговарале за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе