Поради одлуката за 12, а не за 6 месеци

АД ЕСМ не достави понуда на тендерот за снабдувач на струја

АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период.

„Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022 година се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини, АД ЕСМ денеска не поднесе понуда“, стои во соопштението од АД ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач кој треба да биде за периодот од јануари до јуни 2022 година.

Вчера, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека цената на струјата во следните шест месеци од 2022 година нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе