А1 Македонија со нова ИКТ услуга за бизнис сегментот

A1 Македонија најавува воведување на најновата ИКТ услуга – Offensity која им помага на компаниите да ги идентификуваат слабостите и безбедносните пропусти во нивната јавна интернет инфраструктура и преку добиените извештаи и потребни информации истите и да ги отстранат.

Offensity претставува автоматизирано решение за откривање на потенцијални слабости во инфраструктурата на компаниите и дава можност на корисникот да ја види целосната слика за ранливоста на целата ИТ околина што напаѓачот (хакер) би можел да ја искористи за планирање и спроведување на хакерски напад.

Offensity редовно ја скенира јавната интернет инфраструктура на корисникот и ги детектира и дава извештаи за сите идентификувани ризици, и вклучува скенирање на ранливоста на мрежата и на веб апликациите, безбедност на ДНС (Domain Name System), протекување податоци, проверка доколку системите се појавуваат на црните листи и друго.

Покрај тоа, Offensity исто така мониторира податоци од безбедносен карактер (е-мејл, кориснички имиња, лозинки и сл.) кои се поврзани со корисничките домени, а се достапни на интернет.

Услугата дава извештаи за идентификуваните ризици, нивна класификација според нивото на ризикот (од ниско-ризични до критични), и исто така дава потребни информации за отстранување на ризиците бидејќи услугата самата не ги отстранува идентификуваните ризици и ранливости.

Offensity, услугата која е развиена во рамките на А1 телеком Австрија групацијата и е широко прифатена од компаниите во европските земји е уште еден доказ за посветеноста на А1 ТАГ кон креирање и обезбедување на продукти кои овозможуваат зголемена безбедност на инфраструкурата на компаниите.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе