Наградна игра за при-пејд корисници

А1 Македонија: Од денеска надополни и играј за Ајфон

А1 Македонија продолжува со летните изненадувања, овојпат за своите при-пејд корисници, кои со секое надополнување на кредит на својата при-пејд сметка во периодот од 6 јули до 13 септември, добиваат можност да учествуваат во наградната игра „Надополни и играј за iPhone SE 20” со што стануваат потенцијални добитници на iPhone SE 20.

Наградната игра почнува денеска, a во десет неделни извлекувања ќе бидат доделени 20 смарфони iPhone SE 20, односно по два на секое извлекување. Еден циклус трае една седмица, односно почнува во понеделник и трае до недела до полноќ и сите кои во тој период ќе надополнат кредит на својата при-пејд сметка влегуваат во неделните циклуси за извлекување за смартфон. Корисниците на при-пејд услуги можат да надополнат кредит електронски, со хартиени ваучери, преку пост-пејд сметка на при-пејд сметка, преку банкомат или PayNet, но независно кој канал за надополнување ќе го изберат, со минимално надополнување од 100 денари стануваат учесници во наградната игра. Колку е поголем износот на надополнување на кредит на при-пејд сметката, толку се поголеми шансите за освојување награда. Еден денар претставува една можост во извлекувањето, со надополнување од 300 денари, корисникот се појавува 300 пати во извлекувањето. 

Право на учество имаат сите лица кои се над 18 години и кои користат една од тарифните модели на при-пејд услугите на А1 Македонија.

Сите корисници кои ги исполнуваат условите за учество во наградната игра со секое надополнување стануваат потенцијални добитници и земаат учество во неделните извлекувања за iPhone SE 20. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе