А1 Македонија ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците

Како компанија водена од премисата што поблиску до своите корисници кои секогаш се во фокусот на вниманието, А1 Македонија jа одбележува Светската недела за грижа на корисниците. За таа цел, А1 денеска беше домаќин на група корисници кои одблиску се запознаа со работата на Центарот за грижа за корисници и со вработените кои се секојдневна поддршка за барањата и потребите на корисниците.

Во рамките на одбележувањето на Светската недела за грижата на корисниците во компанијата беа организирани неколку настани насочени кон едукација и следење на светските трендови во оваа област, a во насока на унапредување и интензивирање на комуникацијата со потрошувачите. 

Центарот за грижа на корисници е местото каде корисниците на услугите на А1 имаат можност 24 часа, 7 дена во неделата и 365 дена во годината да добијат одговор на сите отворени прашања, да го кажат своето мислење или едноставно да добијат совет за услуга или производ што е од нивен интерес. За корисниците на А1 информации за производите и услугите се достапни и преку социјалните мрежи преку кои нашите агенти во реално време одговараат на прашањата поврзани со услугите на компанијата. 

Целта на А1 е да помогне и да понуди стручна помош при користење на своите производи и услуги, соопшти компанијата.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе