А1 Македонија го постави Смарт езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во општина Велес

А1 Македонија информира дека проектот Смарт езеро Младост е целосно имплементиран со што  Општина Велес ја почнува својата трансформација во модерен и паметен град по примерот на развиените европски градови и го подобрува квалитетот на живот на граѓаните во Велес и посетителите на езерото Младост.

Смарт езеро Младост нуди бенефити не само за Општина Велес која преку ова решение има можност за напредно далечинско управување на ресури и генерирање на заштеди, туку нуди и збогатена туристичка понуда за сите посетители на ова туристичка атракција. Решението предвидува користење на IoT платформа и имплементација на веб базирана апликација каде што се интегрираат шест различни IoT решенија. Тие вклучуваат воведување модерен интегриран систем за контрола на автоматското осветлување (паметно осветлување), паметно управување со простор за паркирање (паметно паркирање), паметно управување со отпад (паметен отпад), паметни клупи со интегриран безжичен интернет (паметни клупи), полнач за електрични возила со можност за електронско плаќање (полнач за електрични возила) и електрични велосипеди со паметно заклучување (паметни велосипеди) со SaaS (софтвер како услуга) решение за управување со паметно заклучување.

А1 Македонија беше избрана како најдобар понудувач на меѓународен тендер финансиран од ИПА 2 програмата и македонската Влада. Одобрените средства се управувани од Светска Банка, а тендерот се спроведе во согласност со процедурите за национално конкурентно наддавање како што е утврдено во насоките за набавки на Светска банка.  

А1 Македонија цврсто верува во новата ера на паметна поврзана технологија и затоа и понатаму ќе остане фокусирана на изготвување и реализирање проекти во оваа област кои ќе придонесат кон унапредување на модерното живеење.

 

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе