A1 Македонија - Е-сметка и можност за подарок електричен велосипед

Заврши првиот од трите циклуси на извлекувања за седум електрични велосипеди, односно сите кои ја користат услугата Е-сметка на А1 Македонија автоматски стануваат учесници во извлекувањата за електричен велосипед. Во три месечни циклуси на извлекување ќе биде доделен 21 електричен велосипед, односно седум во секое извлекување по случаен избор.

Следното извлекување е закажано за 4 септември, а право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка. Дополнително, сите корисници на А1 Македонија кои ги исполнуваат условите и кои извршиле и онлајн плаќање на електронската сметка преку официјалната веб страница на А1 Македонија или преку апликацијата Мојот А1, учествуваат уште по еднаш во листата за извлекување, односно имаат двојно поголема шанса за добивање на подарок.

Купување преку интернет, плаќање на сметките, но и целиот процес на дигитализација стана составен дел од нашето секојдневие. Промена на нашите навики, но и отворање на нови можности е поттик А1 Македонија да им помогне на своите корисници кон дигиталната трансформација. Нудејќи услуги преку повеќе дигитални канали, иновативни канали за комуникација и достапност на услугите, А1 Македонија нуди бенефити за своите корисници и го подобрува нивното корисничко искуство.

Користење на услугата Е-сметка носи бенефити за корисниците, па покрај заштеда на време и плаќање на сметката од удобноста на домот, истата придонесува кон заштита на животната средина, односно го елиминира нивото на отпад од хартија. Услугата Е-сметка на корисниците им овозможува месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку официјалната веб страница, соопшти компанијата.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе